Мртвородено бебе во битолската болница

news
Advertisement

Родилка со неконтролирана бременост во Германија, два месеца по враќањето во Битола, вчера во ЈЗУ Клиничка болница – Битола роди мртво бебе.
Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во семејството на мајка која и претходно имала породување со мртво бебе.

Advertisement

– Родилката (21 г.) беше со неконтролирана бременост во Германија, а во нашата клиничка болница се јави со вишок на плодова вода во деветтиот месец од бременоста. Бебето беше породено со „царски рез“, немалтретирано, но за жал без знаци на живот. Разговаравме и со родилката која и претходно имала породување со мртво бебе, изјави Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница – Битола.

Иако станува збор за несреќен случај, сепак ќе се направи дополнително испитување на причините за смртта на бебето на родилката.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.