Финансиска помош од 30.000 денари за Минче Рамчески, нападнатиот од мечка

news
Advertisement

Општина Пласница донесе одлука на Минче Рамчески да му додели финансиска помош од 30.000 денари за храброст по напад од кафеава мечка. Финансиската помош на седумдесет и шестгодишниот Рамчески му ја додели градоначалникот на општината, Алија Јаоски.

Advertisement

Наградата од 30.000 денари за нашиот сограѓанин е наполно заслужена, бидејќи тој со својата храброст успеа да се спаси по агресивен напад од дива мечка. По примерот на општина Пласница ги повикувам да тргнат и повеќемина наши сограѓани од дијаспората, родум од Пласница, да се приклучат на овој хуман чин и во границита на своите можности да го подржат нашиот сограѓанин Минче Рамчески, по неговата неочекувана средба со мечка, да го надмине овој кризен период, напиша градоначалникот на Фејсбук.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02zNezX5RdRHvoZFX1TDzwjipTA9hqkst83SQ3Az74Zh2SEdyyBnvW2no5Yv4mYf6Cl&id=100003123694770&mibextid=Nif5oz

Мечката го нападна 76 годишниот Минче Рамчески од Пласница нанесувајќи му сериозни повреди.

Минче сега е во добра состојба, но вели приказната немало да има среќен крај ако не биле ловците кои ја исплашиле и избркале мечката откако испукале куршуми во воздух.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.