Иако не е жив, легендарниот Шабан Шаулиќ „заработил“ над 50 илјади евра! Сопругата Гоца копнее по сопругот!

news
Advertisement

Сопругата Гоца е, всушност, законски наследник на Шабан, па согласно со тоа, таа ги има сите оние права што би ги имал тој да е жив. Месечно, таа имала приходи од околу 1.500 евра, на кои редовно плаќала данок кон државата. И за време на неговиот живот, Гоца му ги водеше финансиите и затоа е добро упатена во нивната имотна состојба, која воопшто не е скромна.
За починатите сè најдобро. Па така и за легендата на народната музика – починатиот пејач Шабан Шаулиќ, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во 2019 година, во Германија. Иако почина пред три години, тој, сепак, „заработува“ повеќе од многу свои колеги, кои слабо стојат со тезгите. Според официјалните податоци до кои дојдоа новинарите од Агенцијата за економски регистри на Република Србија, вкупните приходи на фирмата „Луна мјузик“, која е во сопственост на Гоца Шаулиќ, сопругата на покојниот Шабан, изнесувале 55.530 евра. Ова е сумата што ја наплатила таа на име на авторските музички права за починатиот сопруг.
Гоца е, всушност, законски наследник на Шабан, па согласно со тоа, ги има сите оние права што би ги имал тој да е жив. Месечно, дури имала и приходи од околу 1.500 евра, на кои редовно плаќала данок кон државата. И за време на животот на сопругот Шабан, таа му ги водеше финансиите и затоа е добро упатена во нивната имотна состојба.
Доколку се анализира бизнисот на компанијата во сопственост на Шаулиќ, се констатира дека имала значително подобри приходи од претходните години. Така на пример, во текот на 2020 година, компанијата пријавила вкупен приход од 37.220 евра.
Откако платила деловни трошоци (кои изнесувале 28.800 евра) и даноци од 846 евра, останала со плата од 7.570 евра.
Тоа значи дека Шабан веќе три години „заработува“ од својата музика иако не е жив. Колку за споредба, во 2021 година заработил 1.960 евра повеќе отколку во 2020 година.
Во 2019 година, кога го загуби Шабан животот, само на денот на погребот на Новите гробишта, дури осум негови песни на Јутјуб беа прегледани повеќе од два милиона пати, што претставува скок од речиси 80 отсто во споредба со времето кога беше жив.
Најголем скок на популарност бележи песната „Не плачи, душо“ со која семејството Шаулиќ се прости од Шабан во Алејата на заслужните граѓани во Белград. Претходно имаше 143.000 прегледи, а на денот на погребот осамна со близу половина милион слушања. Голема слушаност имаа(т) и песните „Данима те чекам“, „Тебе да заборавим“, „Шадрвани“ и „Сине, сине“ со околу 300.000 прегледи (или кликања).
Меѓутоа, никој не може да ја достигне популарноста по бројот на слушаност како неговиот безвременски мегахит „Дојди да остариме заедно“.
За жал, судбината ја престигна сопругата Гоца, таа немаше среќа да ужива заедно со својот Шабан во староста. Во моментите на тага, поради тоа, Гоца често знае да каже дека џабе ѝ се парите, дека постојано копнее по својот сопруг.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.