Тејлор Свифт ја освои главната награда на „Ем-ти-ви“

news
Advertisement

Тејлор Свифт ја освои главната награда на годишните MTV Video Music Awards за 10-минутната верзија на нејзината песна „All Too Well“ од 2012 година и најави нов албум во октомври.
Пејачката им се заблагодари на фановите од сцената во Prudential Center во Њу Џерси додека ја примаше наградата, 14-та VMA во нејзината кариера.
„All Too Well“ е еден од минатите хитови на Свифт што таа повторно го сними по спорот со нејзината поранешна издавачка куќа.
„Не можевме да го направиме овој краток филм ако не бевте вие, фановите“, рече Свифт пред да открие дека следниот албум ќе го објави на 21 октомври.
Насловен „Midnights“, албумот зборува за „13 непроспиени ноќи расфрлани низ мојот живот“, рече пејачката во објава на Твитер по нејзината победа.
На доделувањето на VMA, порториканскиот пејач Бед Бани беше прогласен за уметник на годината и му беше врачена статуетка астронаут од Месечината на стадионот Јенки во Њујорк, каде што настапи пред полниот стадион.
Поранешната ѕвезда на Disney Channel, Дов Камерон, пејачка на хитовите „Breakfast“ и „Boyfriend“, е прогласена за најдобар нов изведувач. „Оваа година беше толку дива“, рече таа, посветувајќи ја наградата на „сите квир деца“.
Меѓу другите победници беа и Хари Стајлс, кој ја освои наградата за албум на годината за „Harry’s House“.
Актерот Џони Деп, избегнуван од светот на забавата за време на судењето со поранешната сопруга Амбер Херд, кратко се појави за време на шоуто, со неговото лице дигитално вметната во кацигата на астронаут што лебди.
„Ми треба работа“, се пошегувал актерот.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.