Фото: Тешка сообраќајна несреќа среде подвозникот кај Мавровка

news
Advertisement

Сообраќајка се случи вчеравечер среде подвозникот кај Мавровка. На овој потег често се вози над пропишаната брзина.

Advertisement

Според првичните информации, се судриле автомобили марка „мерцедес“ и „дачија“. Од силниот удар, кај „мерцедесот“ се отвориле и воздушните заштитни перничиња. Предниот дел на возилото е уништен. Вториот автомобил, од силината на ударот, застанал дури околу педесет метри подолу.

Засега нема информаици за повредени лица, ниту како дошло до несреќата. Се очекува МВР да излезе со детали.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.