Најмалку 1.038 лица се поврдени во земјотресот во Тајван , 42 работници се водат за исчезнати

news
Advertisement

Бројот на повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени во Тајван денеска се искачи на 1.038, бројот на загинати се уште е девет, додека 42 работници во хотел се водат како исчезнати.

Advertisement

Работниците во моментот на земјотресот биле на пат од Хуалиен кон Националниот парк Тароко, а командниот центар за кризни ситуации објавил дека потрагата по нив била главна цел, пренесуваат британските медиуми.

Планирано е да се испратат беспилотни летала и хеликоптери за да помогнат во потрагата по работниците и доколку се најдат, да им се достават залихи што е можно поскоро. Шест лица се спасени со хеликоптер од рударската област.

Во градот Хуалиен заврши спасувањето на луѓето кои останаа заробени во урнатините на зградите.

Возниот сообраќај на линијата кон Хуалиен е повторно отворен.

Тоа беше најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години, со епицентар најблиску до источната област Хуалиен, додека зградите во главниот град Тајпеј се стресоа, но претрпеа минимална штета.

Leave a Reply

Your email address will not be published.