Обвинувањата на опозицијата за криза се руски пораки, ДУИ организира слободни и демократски избори, порачуваат од оваа партија

news
Advertisement

Хибридната војна и предизвикувањето паника кај албанскиот електорат се зголемува уште повеќе. Албанската опозиција координирана со ВМРО-ДПМНЕ и Левица на Апасиев ги плаши Албанците, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека е подготвена да предизвика политичка криза, реагираат од ДУИ.

Advertisement

„Исти обвинувања и ширење на дезинформации слушаме секојдневно од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините деривати. Свесни за длабокиот пораз од Демократската унија за интеграција, коалицијата “ДА за Европа, НЕ за Русија“ се сомнева дека коалицијата составена од деривати на ДУИ веќе го подготвила сценариото во служба на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за да не го прифатат изборниот резултат и со тоа да предизвикаат дестабилизација и конфузија во јавноста, во служба на Русија“, истакнуваат од оваа партија.

Во оваа насока, како што додаваат, беа и претходните изјави дека “опозицијата ќе ги бојкотира изборите“, за денеска да обвинуваат дека “ДУИ подготвува дестабилизација“.

Според партијата на Ахмети, и покрај напорите на опозицијата, јавноста знае дека кога ДУИ организираше избори во овие 23 години, тие беа слободни, демократски и меѓународно прифатени.

Апелираат до граѓаните да не станат жртва на, како што велат, лажни вести и на специјалната војна која поттикнува говор на омраза, го загрозува евроинтегративниот пат на земјата, како и помага на дестабилизирачките руски политики во земјата. Потенцираат: „Република Северна Македонија има јасна иднина – а тоа е целосната интеграција во Европската Унија“.

Реакцијата од ДУИ доаѓа откако од Коалицијата „Вреди“ беа изнесени информации дека ДУИ е подготвена да предизвика политичка криза.- 14 март, 2024Од В. Ј. / Макфакс

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.