Advertisement
Морбиден настан за време на погреб во Мексико ги шокира семејството и пријателите на починатиот.
Advertisement
На мрежите се појави видео од последното збогување, а го гледаме моментот кога група мажи го подигнаа ковчегот за да го сместат во гробот, не очекувајќи дека нешто може да тргне наопаку.
Сепак, импровизираното скеле попуштило под притисокот, а тивката церемонија доби неочекуван пресврт за неколку секунди.
Мажите паднаа на земја, како и ковчегот, кој се отвори пред очите на ожалостеното семејство. Поединци биле толку потресени што морале да се оддалечат, пренесува Lakalle Blu Radio.
https://vm.tiktok.com/ZMjpyw3Jr/
Бизарната сцена предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, од хумористични обиди за неверување и поддршка за семејството.
Advertisement