Што и да е, дај Боже да помине: Зоки – Фаци по втор пат опериран од канцер, пријателите му испратија поддршка (ФОТО)

news
Advertisement

Македонски естраден новинар и познат ТВ водител, кој последниве годинни работи и како локал менџер Зоран Василевски, попознат под прекарот Зоки – „Фаци“ повторно заврши в болница. Поточно на клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија каде одново му беше извршена операција за отсранување на рецидивот од опаката болест – канцерот која пред две години за прв пат му се појави. Тогаш многумина помислија дека Фаци решил да направи на себе некаква естетска корекција, па дури некои и нагаѓаа дека решил да ги зголеми усните, други велеа дека се работи за корекција на носот, трети глава даваа дека е во прашање „сосема трет орган“, испадна дека никој од љубопитните душегрижници, за жал не бил во право.

Advertisement

Зоки завчера, (25 октомври 2023) бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, на Одделот за пластична и реконструктивна хирургија. По оперативниот зафат вели дека се чувствува добро, и раскажува детали за неговата борба со канцерот.

Дечки мои, преживеав уште една голема битка, благодарам од срца на целиот тим на др. Џонов и неговиот асистент Благоја Србов, како и сите вработени во пластична хирургија, чувајте се, канцерот не е зезање, се надевам дека го победив уште еднаш…“ – напиша Зоки покрај споделените болнички фотографии на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на лекарите, но и на сите кои му испратија убави зборови на поддршка, а ги имаше стотици.

А, поддршката стигна од најблиските, другарите, пријателите, соработниците… Две мисици му испратија букети цвеќе во болница. Емилија Розман и Слаѓана Цветковска.

Ти праќам многу позитивна енергија и ти посакувам брзо опоравување“ – напишала Розман на картичката прикачена за цветниот букет.

Почитуван Зоки, ти посакувам брзо оздравување“ – напишала на својата картичка со букетот некогашната манекенка Слаѓана Цветковска која сега е мажена и живее во Катар.

Зоки – Фаци како медиумски лик има не само пријатели, туку и обожавател(к)и, па неколку од нив му испратија пораки за брзо оздравување со сокче и чоколадни бомбони и како што една од нив и напишала:

Како што вели песната на Владо Јаневски – ‘Што и да е, ќе помине’…“!

Секако тука се и соработницците, особено оној кој во последно време е нераздвоен со фаци во нивниот ммногу гледан и популарен подкаст „Без лимит“, Јутјуберот и водител, Стефан Лазаров, која на својот компањон му посака многу здравје:

Патем, Лазаров имаше доблест да го откаже најнобвото издание на ниовниот заеднички подкаст, кое без Зоки Фаци не сакаше да го реализира, а тоа јавно и го обзнани.

„Дечки, подкаст нема да има вечер, Зочко е во болница и правиме пауза…“ – споделил Лазаров!

Oваа 2023 година Зоки посакува што побргу да ја заборави, зашто живот му го обележа со најнемилите можни настани. Најпрвин почина неговата мајка, а неполни 40 дена по неа и неговиот вујко. Не помина долго време потоа кога Фаци како капак на се’ дознава дека има рецидив, дека канцерот повторно му се вратил… И ние како и тој самиот, се надеваме дека овој пат ќе ја добие битката со опаката болест засекогаш, дека на неговите неволји ќе има крај… Како годинава, така и воопшто во неговиот живот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.