Го убила, пробала да го запали па го фрлила во реката – имало ли трето лице за време на убиството кај Пена?

news
Advertisement

На 17-годишна девојка и е одреден 30 дневен притвор за убиство на 16-годишно момче од селото Ново Село, Желино.

Advertisement

Првичната истрага на обвинителството покажува дека убиството се случило по вербална расправија меѓу двете лица, по што девојката физички го нападнала момчето со остар предмет, а потоа неговото тело го фрлила во реката.

Малолетничката во службен разговор со полицијата го признала делото, а покрај неа сослушан бил уште еден малолетник, но подоцна тој бил пуштен.

„Осомничената, 17-годишна девојка, со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години . По вербалната расправија во автомобилот кај местото викано „Бањиче“, таа со остар предмет го удрила оштетениот, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го фрлила во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежен јавен обвинител до судот достави предлог за определувањето мерка притвор“, наведуваат од Основно обвинителство Тетово.

Но, дали имало и трето лице во случајот?

Според информации на Алсат, сега уапсената девојка прво го остар предмет го повредила сега починатото 16-годишно момче, а потоа со завои го врзала за седиштето во автомобилот.

Како што пишуваат од телевизијата, девојката се обидела и да го полие со бензин, но потоа веројатно се предомислила. Го извлекла од автомобилот и го фрлила околу стотина метри подолу во коритото на реката Пена.

Секторот за внатрешни работи Тетово нареди да се земат видео-снимки од уличните камери, за понатамошно расчистување на случајот, а од семејството е одземен автомобилот „ауди“ управуван од 16-годишникот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.