Го убиле буквално за ништо, мислеле дека носи злато, а тој да ти носел бижутерија

news
Advertisement

Детали за убиството кај Мавровка: Го убиле буквално за ништо, мислеле дека носи злато, а тој да ти носел бижутерија

Advertisement

Познат идентитетот на убиениот кај Мавровка. Се работи за Васил Ефтимов кој беше лишен од живот со истрел во главата.

За убиениот Васил се знае дека бил бизнисмен кој се занимавал со продажба на материјали за водовод и канализација, но имал и дуќан за бижутерија во трговскиот центар „Бисер“ во скопската населба Аеродром.

Плусинфо пишува дека убиството е сплет на несреќни околности, бидејќи напаѓачите помислиле дека Ефтимов во својот автомобил носи чанта полна со злато и вреден накит.Тие се обиделе да го ограбат, но убиениот им се спротивставил. И тоа бил моментот во кој тие одлучиле со еден истрел во главата да го лишат од живот.

Неофицијално, кога се случил инцидентот, Ефтимов бил придружуван од женско лице, најверојатно сопругата. Полицијата веќе соопшти дека во врска со случајот се приведени две лица, а посочија дека се трага и по уште едно лице

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *