Притвор за мажот кој во битолско казионо запали шест апарати за игри на среќа

news
Advertisement

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари, кој е осомничен за кривично дело предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата Лазо Трповски во Битола, се качил на катот од објектот, каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. Со тоа предизвикал пожар, кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.
По предлог од надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола определи мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.