Градоначалниците на повеќето скопски општини најавија кривична пријава против Данела Арсовска за загрозување на здравјето на граѓаните

news
Advertisement

Покрај најавите за кривична пријава доколку градоначалничката не најде решение за проблемот и не го одблокира градот, градоначалниците побараа и ЈП „Дрисла“ веднаш да ги отвори рампите за камионите кои би требало да го депонираат сметот
По речиси едночасовниот состанок, мнозинството градоначалници кои членуваат во Советот на Скопскиот плански регион донесоа одлука со која побараа извештај од Град Скопје за актуелната ситуација со комуналната хигиена и нечистотата на улиците во главниот град. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека неговата општина не располага со големи камиони кои би можеле да го подигнат отпадот од големите контејнери крај булеварите, но дека ќе сработат се што можат со механизацијата која им е на располагање.

Advertisement

„Во моментов чистењето е стопирано затоа што полни камиони чекаат пред ’Дрисла’ да бидат пуштени и да се растоварат. Утрово разговарав телефонски и со директорот на ’Дрисла’ и добив ветување дека ќе се направи договор кој во текот на денот ќе го имаме. Нашите луѓе отидоа уште утрово да за го потпишат за да може нашите камиони да влезат во депонијата, но уште чекаат“,

рече Герасимовски.
Градоначалникот на скопски Аеродром, Тимчо Муцунски, побара решавање на проблемот со комуналниот хаос во рок од 48 часа бидејќи општините немаат капацитети за да го соберат сметот, додека пак неговиот колега од Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, повика ЈП „Дрисла“ да ги отвори рампите бидејќи никој не може и не смее да го блокира градот, а во спротивно, доколку градоначалничката остане „глува“ на нивните барања, градоначалниците најавија дека ќе поднесат кривична пријава за загрозување на здравјето на граѓаните

„Утрово не се пуштаат камионите. Возилата на Општина Центар се пред ‘Дрисла’ и не даваат да го депонираме сметот. Тоа е јавно претпријатие за депонирање на отпадот од цело Скопје. Повикуваме да се пуштат камионите, оти ќе поднесеме кривични пријави”,

рече Ѓорѓиевски.
На Советот на градоначалници од скопскиот регион не присуствуваа градоначалниците на општините Карпош, Сарај, Чаир, Зелениково, Чучер Сандево, а очекувано не беше присутна ниту градоначалничката на Скопје – Данела Арсовска.

Додека скопските градоначалници бараат одговорност, скопската градоначалничка утринава се пофали дека градот се чисти и дека е извојувана победа

„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани. Скопје се чисти, екипите на ‘Комунална хигиена’ Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана“,

пишува Арсовска.
Арсовска се пофали дека градот се чисти и дека е извојувана победа

А, камионите за чистење смет и денеска останаа паркирани во седиштето на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, а вработените во препознатливите портокалови униформи неколку дена протестираат во дворот на седиштето во скопска Керамидница

Откако доцна синоќа со полициска асистенција неколку возила на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје излегоа на скопските улици да исчистат дел од сметот што неколку дена се таложи и шири неподнослива миризба во главниот град, денеска во дворот на претпријатието вработените продолжуваат со протестот кој трае веќе неколку дена.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.