Градот под Марковите Кули во тридневна карневалска еуфорија на Меѓународниот карневал „Прочка 2024“

news
Advertisement

Веќе два дена, градот под Марковите Кули, пулсира во знакот на 22-то издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2024“. Прилеп, претесен за да ги прими сите добрнамерни и љубопитни посетители од повеќе градови во земјава, а прилепчани пак, за кои Карневалот, но и празникот „Велики Поклади“ имаат посебно трададиционално верско, ама и културолошко значење, гордо ги прикажуваат адетите и обичаите поврзани со овие денови. Таков адет е и „Амкањето јајце“.

Advertisement

„Амкањето“, всушност е радост за децата. Најстариот член од семејството, на сукало врзува јајце и го врви на устињата на дечињата, па она што ќе го касне јајцето, ќе биде среќно во целата година. Меѓутоа, симболиката, онаа нашата традициска е пред запостувањето, пред „запокладувањето“ во последната вечер од „Прочка“ да се каснува бело јајце со што всушност и запостуваме и ја затвораме устата, односно постиме се’ до Велигден кога пак се омрсуваме со јајце, меѓутоа со црвено, велигденско“ – објаснува Лилјана Ѓорѓиеска, претсрдателка на Здружението на жени „Преродба“, Прилеп.

Утре пак, на самиот празник „Прочка“, во центарот на градот ќе се одржи карневалското дефиле на преку 500 маскирани учесници, групирани во над 20 групни и поединечни маски. Гости ќе има и од: Кавадарци, Пробиштип, Мокриево, Куратица, Берово, Сопот, Струмица и од други градпви. Маските до утре се чуваат во тајност, а за најуспешните, кои ќе ги оценува стручно жири, се доделуваат и пригодни награди.

„Централниот настан е во недела. Во 12 часот започнува дефилето на маски од пред ЦК „Марко Цепенков“. Трасата е до Плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ каде што ќе има претставување со кореографија и музика“ – кажа Снежана Ристеска, советник за култура при ЛС Прилеп.

Во овие три карневалски денови во центарот на градот ќе има и куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции кои се специфични за ваквите случувања. Чаршијата има продолжено работно време, а во угостителските објекти има организирано и маскенбали.

Инаку, прилепскиот Карневал „Прочка“, започна да се организира од 2002 година, а од 2006 година е член и на Европската асоцијација на карневалски градови „ФЕЕК“ со што доби и меѓународен ранг, односно Прилеп се најде на мапата на карневалските градови во светот, со препознатливиот белег на карневалската група „Прилепски мечакри“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.