УГИНА И ТРЕТИОТ КОЊ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА Истрагата треба да покаже дали животните биле отруени

news
Advertisement

Едем ден по угинувањето на двата коњи, во скопската Зоолошка градина угинал и третиот прежевалски коњ. Станува збор за ретки им многу вредни коњи кои по потекло се од Монголија, а во скопската Зоолошка биле донесени од Австрија како донација од компанијата „Сафари Македонија“.

Advertisement

Првиот случај за угинатите коњи во полицијата го пријавил вработен во Зоолошката градина кој се посомневал дека коњите се отруени. Од МВР денеска потврдија дека вчера околу 14 часот во Зоолошката градина угинал уште еден коњ.ДомаСкопје

УГИНА И ТРЕТИОТ КОЊ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА Истрагата треба да покаже дали животните биле отруени
Во скопската Зоолошка градина угинал и третиот прежевалски коњ.
СКОПЈЕСЛАЈДЕР
Од Плусинфо Објавено 31/07/2023 9:53:32

фото: ЗОО Скопје
1,252
Сподели
Едем ден по угинувањето на двата коњи, во скопската Зоолошка градина угинал и третиот прежевалски коњ. Станува збор за ретки им многу вредни коњи кои по потекло се од Монголија, а во скопската Зоолошка биле донесени од Австрија како донација од компанијата „Сафари Македонија“.

Првиот случај за угинатите коњи во полицијата го пријавил вработен во Зоолошката градина кој се посомневал дека коњите се отруени. Од МВР денеска потврдија дека вчера околу 14 часот во Зоолошката градина угинал уште еден коњ.

Од скопската Зоолошка градина засега нема официјално објаснување што се случило со коњите.

Вчера со реакција се јави еден од донаторите на вредните прежевалски коњи.

-Очекувавме и се надевавме на овие животни да им биде пружена многу подобра нега, а не тие да угинат на ваков начин. Во моментов, не знаеме точно од кои причини угинале коњите, но во секој случај станува збор за тажна епизода, бидејќи скопската Зоолошка градина изгуби вредни животни – рече донаторот истакнувајќи дека се работи за исклучително ретки и вредни животни и изразувајќи разочараност од третманот што го имале коњите во скопската Зоолошка градина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.