ДС: ДУИ да не блефира, а за почеток да се прифати оставката на Османи

news
Advertisement

Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен,но и препознатлив блеф, реагираат денеска од Демократски сојуз.

Advertisement

-ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата,блокада на реформите на судскиот систем,злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции,како и колапсот на државните институции,се доволни причини за повлекување од власта.
ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски, ја водат надворешната политика,која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка, посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања, без притоа да се направат пошироки консултации. За почеток, од функцијата треба да се повлече Бујар Османи, кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците, но и на другите граѓани,а ги загрози и европските перспективи на Македонија.Од партијата додаваат дека Владата нема поддршка од граѓаните, ниту од мнозинството во Парламентот, поради што неопходни се избори, како демократски чин за промена на власта.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.