Граѓаните да бидат среќни и горди што сме земја членка на НАТО со исклучително ниво на стабилност, рече Ковачевски

news
Advertisement

Граѓаните во Северна Македонија треба да бидат среќни и горди што сме земја членка на НАТО која има исклучително ниво на безбедност, споредено со друга земја која не е членка на алијансата, изјави премиерот Димитар Ковачевски на неформалниот состанок на НАТО во Скопје.

Advertisement

Прашан каква е безбедносната состојба во Македонија со оглед на тензиите помеѓу Косово и Србија, но и поради националистичката реторика во Македонија која се чувствува во предизборието, премиерот смирува дека состојбата со безбедноста во земјата е стабилна.

„Нивото на инфомации кои безбедносните служби ги имаат и ги споделуваат со партнерските безбедносни служби од земјите-членки на НАТО во однос на поединци, групи и организации кои сакаат да го нарушат нивото на безбедноста е на ниво кое е незамисливо за оние кои не се во детали вклучени во вакви прашања. Системот на превенција и заедничко работење со централата на НАТО во Брисел и директната соработка функционира беспрекорно“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде и дека регионалната безбедност носи и економски просперитет.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.