Запросување на автопат кај Загреб

news
Advertisement

Иако некои луѓе го претпочитаат „класичниот“ начин на запросување, има и онакви кои сакаат да бидат оригинални, уникатни и сѐ тоа да биде „незаборавно“. Такво запросување, се чини, се случи во Загреб.

Advertisement

Иако реши да остане анонимен, начинот на којшто додворувачот ја побара својата девојка за жена, секако не остана незабележан. Имено, човекот решил да го постави големото прашање на три билборда, распоредени крај автопат близу Загреб, адресирани до Марта.

На првата порака пишувало само „Марта“. На вториот билборд – „Да, ти Марта“, а последниот вели: „Што мислиш, да се венчаме?“

Не се знае дали Марта кажала „Да“, но сѐ тоа бргу стана интернет-хит што, секако, разнежни многумина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.