Граѓаните донирале милион евра за помош на Турција и Сирија

news
Advertisement

Два камиони со помош во вреднос од над 70 000 евра испраќа Црвен Крст во Турција. Досега од Македонија се донирани 1 милион евра пари од граѓани и компании. За населението од погодените подрачја се уште има потреба од донација на зимски шатори, ќебиња, кревети, агрегати.

Advertisement

„Во оваа насока сведоци сме на финансиската помош која се одлучува во советите на општините, тука се стопанските комори, Лекарската комора и низа други институции и установи од земјата, како и нашите браќа, нашите пријатели од земјава кои како што истакнав во широк размер организираат кампањи за помош на погодените региони“, изјави Хасан Мехмет Секизкок.

До сега беа организирани повеќе хуманитарни акции но од Црвениот Крст велат овие средства веројатно ќе завршат во отпад бидејќи се стари и неупотребливи.

Граѓаните и компаниите кои сакаат да донираат пари тоа можат да го направат на жиро сметката на Црвениот Крст или да донираат по 100 денари на телефонскиот број 143 400.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *