Грипот ја зеде првата жртва, почина жена на Инфективната клиника!

News

Грипот ја зеде првата жртва. На Инфективната клиника почина жена на 75 – годишна возраст. Имала и други хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.

„Се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потврдена инфлуенца а и пациентката имала многу коморбидитети“, изјави д-р Фадил Цана – директор на Клиниката за инфективни болести.

 

Уште двајца други пациенти се во критична состојба и на респиратор, а неколкумина на кислородна поддршка.

Хоспитализирани се 25 пациенти, повеќето повозрасни. Инфектолозите велат – прегледите се зголемени, пациентите кои имаат хронични заболувања и не се вакцинирани се најмногу на удар на грипот.

 

„Тие се хоспитализирани затоа што кај нив при преглед е констатирано дека имаат компликација на вирусот на грип пред сè со респираторно засегање“, изјави д-р Фадил Цана – директор на Клиниката за инфективни болести.

Надлежните пикот на грипот го очекуваат на крајот од месецот или почетокот на февруари. Во првата недела од годинава, институтот за јавно здравје бележи 1.725 случаи со грип, двапати повеќе од претходната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *