ГРИП: Над 800 дечиња прегледани на педијатрија во Гостивар за 2 недели, 30-тина задржани во болница

news
Advertisement

Грипот зема замав меѓу најмалите во Гостивар. Изминатиот период значителено е зголемен бројот на пациенти на педијатриското одделение во гостиварската општа болница „Д-р Ферид Мурад“. За само две недели лекарска помош побарале повеќе од 800 деца, од кои триесетина биле задржани на болничко лекување.

Advertisement

„Во декември бројот на прегледани дечиња на одделението беше околу 1.000, од кои 42 беа хоспитализирани со компликации од грипот. Од почетокот пак, на оваа година бројот на прегледани надмина 800, што навистина е голема бројка, а хоспитализирани се 32. Тие најчесто се со компликации во респираторниот систем.“, вели доктор Висар Муча, раководител на детското одделение.

Грипот најчесто почнува со кивање, се јавува покачена температура, секрет од носот, полесно поткашлување. Лекарите појаснуваат дека по 5-6 дена симптомите треба да се повлечат. Кај дечињата кај кои се јавуваат компликации вообичаено се влошува кашлицата.

„Кашлицата станува поинтензивна, што може да доведе до бронхит, бронхопневмонија, пневмонија. Во новата година до сега имавме 3 потешки случаи, кои беа препратени на лекување во Скопје. Две беа бебиња под 6 месеци со компликаци во белите дробови , додека третото на 2 и пол годишна возраст со ларингит и бронхит. Беше донесено на одделението во тешка состојба. Првата медицинска помош ја пруживме овде, а по стабилизација на дишењето се организираше медицинска екипа и се однесе на детска клиника во Скопје, кадешто се‘ уште е на лекување“, рече д-р Муча.

Силниот имунитет е најважен во борбата против грипот, потенцираат лекарите и препорачуваат пред сезоната на вирусот родителите да им даваат на своите деца витамини и минерали со кои ќе го зајакнат организмот. Во период на интензивни ширење на грипот, се препорачува богата витаминска исхрана, проветрување на просториите кадешто се престојува подолго, како и избегнување на места каде има гужви и изолирање доколку се јават симптоми на зараза.

Инаку, Гостивар периодов е меѓу градовите со најмногу заболени од грип во земјава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.