Првиот вицепремиер Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека саемот за вработување на Бехтел и Енка продолжува да се одржува во градовите Кичево, Куманово и Велес.
Груби повторно апелираше до заинтересираните лица да се приклучат на престижната градежна компанија Бехтел и Енка за изградба на Коридорот 8 и 10Д.
По Гостивар, Тетово, Прилеп и Битола, саемот за вработување продолжува во Кичево, Куманово и Велес до 3 октомври од 12:00 до 16:00 часот на потенцираните локации.
„Ве повикувам да одвоите време да ги посетите овие локации, да се информирате за работните места и да аплицирате на hr@beuk.mk.“ напиша Груби
Груби потсети дека се потребни 2,000 работници. На крајот на минатата недела беше кажано дека се пријавиле само 360 кандидати.
Извор: https://faktor.mk/grubi-bara-rabotnici-za-behtel-i-enka-vo-kichevo-kumanovo-i-veles