Укината 8-годишна затворска пресуда на Сашо Мијалков, Апелациониот суд го врати на почеток предметот Трезор, при чија истрага се случи мистериозното (само)убиство на Коста Крпач

news
Advertisement

ПочетнаВестиМакедонијаУкината 8-годишна затворска пресуда на Сашо Мијалков, Апелациониот суд го врати на почеток предметот Трезор, при чија истрага се случи мистериозното (само)убиство на Коста Крпач.

Advertisement

Укината 8-годишна затворска пресуда на Сашо Мијалков, Апелациониот суд го врати на почеток предметот Трезор, при чија истрага се случи мистериозното (само)убиство на Коста Крпач.

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“ со кој беше опфатена набавката на британска опрема за следење на комуникациите.

Без казни остануваат поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и ексфункционерите на Управата и на МВР, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, и ќе треба да дојдат на повторно судење во скопскиот кривичен суд.

-Апелациониот суд Скопје при разгледување на побиената пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“, соопштија од второстепениот суд.

Мијалков беше осуден на 8 години затвор, највисоката казна од 15 години му беше изречена на Горан Грујевски, додека Стајковиќ и Јакимовски беа осудени на по пет години затворска казна.

Случајот Трезор го работеше СЈО, а со истрагата беше опфатена и фирмата Финзи преку која се вршела набавката. Во тоа време, управител на Финзи беше Коста Крпач кој загина додека траеше истрагата. Неговата смрт беше затворена како самоубиство и покрај многуте мистериозни околности кои се случувале пред трагедијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.