Груби со контранапад за обвинувањата дека во кабинетот има медиуми – неприфатливо е вели Грковска и бара истрага за скандалите во Лотарија

news
Advertisement

Како ФБ профил на ДУИ станал ФБ профил на веб сајт, во сопственост на директорот на Лотарија, обвинет од опозицијата за напади кон претседателката на Врховниот суд. Вицепремиерката Славица Грковска побара надлежните да спроведат истраги за објавените скандали во Државна Лотарија и по опозициските обвинувања за министерството раководено од Груби, оцени дека е неприфатливо да има партиски веб сајтови во институции. Нејзиниот колега, Артан Груби со политички контранапад ги негира обвинувањата дека има сајтови кај него во Министерството. А за луѓето чии имиња, според опозицијата се поврзани со веб сајтовите, Груби тврди дека му биле меѓу најдобрите студенти по новинарство.

Advertisement

Двајца од најдобрите студенти на кои тој им бил професор ги ангажирал кај него, изјави вицепремиерот Артан Груби откако пред 6 дена до неговите два кабинети, вицепрмиерскиот и министерскиот испративме прашања дали тие доаѓаат во Министерството за политички систем иако работат во веб сајтови.

А и денеска на ФБ профилот на еден од поранешните студенти на Груби стои дека работи во веб сајтот Индекс.мк. Токму овој веб сајт, од страна на Демократското движење на Изет Меџити, беше посочен дека е во сопственост на директорот на Лотарија Перпарим Бајрами и дека функционира во зградата на Министерството za политички систем раководено од Груби. Тоа беше обелоденето кога повеќе сајта меѓу кои и индекс објавија напаѓачки текстови против претседателката на Врховен суд Беса Адеми веднаш откако таа се пожали дека е под политички притисок поради аболицијата на Иванов. Груби негира и упатува контраобвинувања кон опозиција и медиуми.

А на фејсбук профилот на индекс.мк во графата транспарентност стои и дека тој профил кога бил отворен на Фејснук го ноел името на партијата ДУИ, а по неколку менувања на партиски имиња, станува досја.мк, па лани во септември станува ФБ профил на индекс.мк. И додека Груби со контранапад враќа на обвинувањата, неговата колешка, вицепремиерката Славица Грковска смета дека неприфатливо е во министерства да има партиски веб сајтови, а побара и истрага за сите објавени скандали во Лотарија.

Грковска се заблагодари и даде поддршка на истражувачкото новинарство кое ги обелоденува и открива неправилностите на функционерите, како што беше последниот скандал со Државна Лотарија.

Извор: https://telma.com.mk/2023/11/22/grubi-so-kontranapad-za-obvinuvanjata-deka-vo-kabinetot-ima-mediumi-neprifatlivo-e-veli-grkovska-i-bara-istraga-za-skandalite-vo-lotarija/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.