Груевски се пофали со најдобриот економски резултат во историјата на Македонија – еве како се работеше некогаш

news
Advertisement

ЕДНА КРАТКА СПОРЕДБА НА РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ

Advertisement

Во периодот 2007-2015 година според просечната стапка на раст на БДП Македонија е со четврто најдобро остварување споредено со земјите-членки на ЕУ и земјите од регионот.

Само Полска, Словачка и Турција имаат подобар просечен раст за овој период.

Во тие години има една голема свестска финасиска и една европска должничка криза па економијата во сите земји се со пониски стапки на раст. Во овој период просечниот раст во Македонија е 3% од БДП, но во услови кога во исто време просечниот раст на сите земји членки на ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер, изнесува 0,7%, а во еврозоната 0,5%, за овој период.

Ова значи дека Македонија имала околу шест пати поголем просечен раст од земјите во еврозоната и речиси четири и половина пати поголем раст од просечниот раст во истиот период на сите земји членки на ЕУ.

Макеоднија забележа четврти највисок економски раст во Европа во 2014 година. И покрај тоа што голем број земји во ЕУ имаат минимален позитивен раст, а дел од нив сеуште беа во рецесија, македонската економија во 2014 година оствари раст на бруто-домашниот производ од 3,5%, што претставува четврти најдобар резултат во Европа во таа година (по Луксембург, Ирска и Унгарија) и најдобар во регионот на Југоисточна Европа.

Во 2015 година продолжи трендот на раст на економијата, при што бруто-домашниот производ забележа раст од 3,8%. Ова повторно е едно од најдобрите остварувања во Европа (шести најдобар резултат) и покрај предизвиците со кои беше соочена домашната економија во таа година (политички опструкции и тешка политичка криза, бегалска криза, геополитички предизвици).

Најголем раст на македонската економија на сите времиња одкако Заводот за статистика го мери и објавува растот (БДП) е во 2007 година во висина од 6,5% раст. Втор најголем раст е 2008 година во висина од 5,5%.

Растот на економијата (БДП) по глава на жител како основен индикатор за степенот на развој на економијата се зголеми од 2.471 евра во 2005 на 4.839 евра во 2017 година што е пораст за 96% или речиси дуплирање на просекот на стандардот на граѓаните во периодот. За споредба од 2017 до 2021 година БДП по глава на жител е зголемено за 14,3%. А и во овој раст поголем дел се должи на извозот на компаниите кои се директни странски инвестиции во ТИРЗ и индустриските зони, донесени во периодот 2007-2017 година.

Што се случува со Македонија и со македонската економија?

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0Jx8NFgv8TCVTw5PpVfvBx7sCc1gJCQmgYNLKbm3mXqHhB2xnV1GPv1EjZB9RvDStl&id=100044378201385&mibextid=Nif5oz

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.