Катерина го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка

news
Advertisement

Актерот Гоце Тодоровски и пријатели на синот, Александар за „Фокус” откриваат дека актерката Катерина Крстева која почина денеска живеела со својот син Александар, кој починал во септември.

Advertisement

Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој и беше целиот свет, се тргна од се и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи… Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата, изјавиле пријателите на Александар за Фокус.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.