Дали е пронајдена 14 годишната Вања? МВР демантира

news
Advertisement

Се уште се трага по 14 годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна пред три дена додека одела кон училиште.

Advertisement

Од МВР ја демантираат веста дека девојчето било најдено во соседна држава, што ја објави порталот „Курир“.

„Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи воопшто не ја направи задолжителната проверка на наводите, и покрај бројните апели и од страна на полицијата, и од страна на родителите на малолетничката да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети на истрагата.

Како што МВР редовно информираше деновиве, за решавање на случајот и пронаоѓање на лицето е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол“ се вели во демантот на МВР.

Оттаму додаваат дека истрагата продолжува интензивно и дека се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз девојчето.

„Министерството за внатрешни работи, согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант, а невистинитиот текст секаде каде што е објавен да биде повлечен. Во спротивно ќе ги користи сите законски расположливи средства кои стојат на располагање. Воедно, апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката“ додаваат од МВР.

Вања Ѓорчевска е пријавена како исчезната откако не се појавила во училиштето. Оттогаш почна потрагата по неа.

Последниот сигнал од нејзиниот мобилен телефон беше лоциран на Партизанска, кај кафулето „Броз“, наспроти Универзалната сала.

Во потрагата освен полицијата се вклучија и граѓани, а фотографии со нејзиниот лик се залепени низ целиот центар на Скопје. Вчера во потрагата се вклучи и ловечката федерација, која ја бара Вања на непристапни места.

ИЗВОР. https://fokus.mk/mvr-gi-demantira-tvrdenata-deka-e-pronajdena-14-godishnata-vana-gorchevska/?fbclid=IwAR1RyOXbpfmJbOOOk3AZ6ZeCOuUtWh18Kgi6qC5ucsKggi3ngrz8Wd07y3U

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.