На твитер се појави документ од лекарски преглед на кој стои дека градоначалникот на Куманово бил повреден од метален предмет, линк овде. Нападот се шпекулира дека се случил пред неколку дена но Мактел дознава дека градоначалникот на Куманово не го пријавил во МВР и го криел од јавноста, зошто? Дали се работи за некакви матни бизниси во Куманово?! Пративме прашање до Димитриевски да ни даде изјава, кога ќе добиеме одговор ќе го објавиме на Мактел.мк. Градоначалникот ни одговори на пораката, демантираше дека бил нападнат и кажа дека бил повреден од удар со врата?! Еве дел од разговорот кој го водевме на телефон со него:
Димитревски: Како смеете да тврдите дека сум бил нападнат? Мактел: Па во документот кој се појави на интернет пишува дека сте повреден од метален предмет? Димитревски: Па тоа може да значи дека сум се удрил во врата метална? И зошто објавувате мои лични документи за лекарски интервенции? Мактел: Па затоа што сте јавна личност и јавноста има право да знае ако некој ве нападнал физички, зарем не? Димитревски: Ова е тенденциозно, вие како медиум подолго време ме напаѓате, не ме барајте повеќе, пишувајте што сакате!
ИЗВОР. https://maktel.mk/slider/%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%80%d0%b8%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d1%83%d0%b4%d1%80%d0%b8%d0%b2-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d1%83%d0%bc/?fbclid=IwAR0x01-bBo-HT7aGjZW1CpoZBcY4oAxCqZGeyGloRoP5_N__8dt487Tgxsc