Пуштен од затвор еден од осомничените за убиствата во „Шиша бар“

news
Advertisement

Пуштен на слобода осомничениот за убиствата во кафулето „Шиша бар“, кое се наоѓа во Чаршија, а кој беше единствен притворен.

Advertisement

Веста ја објави порталот Скопје1. Како што се наведува, донесена е судска одлука, 31-годишниот скопјанец да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка. Станува збор за лице кое беше уапсено поради увозот на автомобилот со кој се превезувале убијците.

Лицето кое е ослободено, се поврзувало со увезувањето на „аудито“, автомобил кој беше опожарен во Бутел кратко по двојното убиство. Од него останаа регистарските таблици. Возилото било оставено кај подвозникот, кој води кон Мирковци.

Убиството во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија го извршија повеќе лица, облечени во црна облека налик на униформа. Кога влегле, викале дека станува збор за полициска рација. Кога ги нашле таргетите, на вториот кат од локалот, почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место се убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени.

Извор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.