Дали Мицкоски ја поткопува соработката со Албанците? Некогаш Груевски не го прифаќаше албанскиот јазик, па иако победник сепак замина во опозиција

news
Advertisement

Дали Мицкоски ја поткопува соработката со албанските партии? Неговите условувачки изјави за отстранувањето на 20% кои се однесуваат на албанскиот јазик во Уставот, дали го водат по сличен пат како некогаш Никола Груевски кој во 2016 иако победи на парламентарните избори не успеа да формира мнозинство бидејќи не прифати официјализирање на албанскиот јазик. Сега кога албанските партии бараат отстранување на тие 20% од Уставот, Мицкоски постави услов да се укине Бадентерот и балансерот.

Advertisement

Независно од условите на Мицкоски, претходно претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека е убеден дека кога ќе се отвори Уставот, тоа ќе се смени.

-Тоа не е проблем, за тоа е разговарано, таа тема е завршена. Денес ова не е пречка за македонските политички партии. Прашање на време е, кога ќе се отвори Уставот за други измени, и тоа прашање ќе биде на дневен ред за измени, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Од АА велат дека Бадентерот е европски стандард за чување на мирот и стабилноста и му испратија порака на Мицкоски да има предвид дека многу држави како Македонија го уредиле ова прашање со дводомен парламент.

Пред две недели Таравари во Клик Плус рече дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги разгледа своите политики, бидејќи како што потенцираше, се намалува коалициониот капацитет со албанските политички партии.

-Мислам дека ВМРО треба сериозно да ги преиспита своите политики, особено кога се зборува за евроинтеграциите и мислам дека овие претстави, барем овој речник што го користи ВМРО-ДПМНЕ, само мислам дека многу го оддалечува од граѓаните, вели В.Д. претседателот на АА, Арбен Таравари.

ТВ21: А од албанските политички партии?

– За тоа и не станува збор. И јавно кажавме дека со ваквиот начин на изразување и со пречката што ја прават за почеток на преговорите, мислам дека голем дел од политичките партии си заминуваат и нивниот коалициски капацитет е намален со албанските политички партии и мислам дека треба сериозно да ја испитаат нивната политика барем со она со кое излегуваат во јавност, додаде Таравари.

Сите македонски политичари кои се борат за признавање на нивниот јазик треба да бидат свесни дека со терминот „20%“ го омаловажуваат албанскиот јазик и Албанците во Северна Македонија.

На прашањето на ТВ 21 до ВМРО-ДПМНЕ дали со вакви услови ги расипува односите со албанските партии, оттаму одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија и има можност сама да ги избере коалициските партнери.

Инаку, во Уставот на Северна Македонија пишува дека втор официјален јазик во Македонија е јазикот што го зборуваат 20% од населението, не споменувајќи го зборот „албански“.

Овој факт кој им пречи на Албанците се очекува да се смени при отворањето на Уставот доколку го изгласаат 2/3 од пратениците.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.