ДАНЕЛА АРСОВСКА: Мене ми импонира тоа што јас сум најнапаѓаниот човек во државава

news
Advertisement

Мене ми импонира тоа што јас сум најнапаѓаниот човек во државава, токму од политичарите кои 30 години ништо не направиле, а сега очекуваат сите нивни проблеми да ги решавам јас, изјави скопската градоначалничка Данела Арсовска во интервју за Тв 21.
Вели дека единствената институција која се грижи за намалување на загадувањето во градот Скопје, е градот Скопје.
„Како некој кој изгубил од најблиските поради канцер, токму јас имам огромен мотив да превземам сè во моја моќ да направиме нешто подобро за сите наши граѓани, вклучително и за моето дете, за сите наши млади. До сега исчистивме 280 диви депони, кои воопшто не се под надлежност на градот Скопје. Сепак, тие градоначалници на кои им ги исчистивме дивите депонии имаа обврска да ги одржуваат тие површини и да ги зазеленат – наместо повторно да ги полнат со смет. Гледавме и снимки на медиумите како токму градоначалниците прават диви депонии на веќе исчистените површини. Започнавме пет мега-паркови, од кои три се завршени. За две години имаме 1.4 милион нови садници. Десеткратно го зголемивме надзорот, и за три пати го зголемивме бројот на изречени глоби. Кај нас нема селективност во постапувањето против загадувачите. Никој не може да се јави и да ургира за загадувач. Единствена институција сме која поднесе кривична пријава за загадувач, а надлежните институции треба да постапуваат по нашите пријави“, вели таа.
Арсовска планира да основа политичка партија.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.