Дачиќ бара меѓународната заедница да изврши притисок врз Курти

news
Advertisement

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја оцени како „срамен чин” одлуката на косовските власти да му забранат на патријархот на СПЦ Порфириј за Божиќ да оди во Пеќската патријаршија. Дачиќ ја осуди меѓународната заедница што не реагирала во врска со ова и изјави дека ваквата забрана за кој било верски лидер во Европа би предизвикала најостри можни реакции.

Advertisement

Тој оцени и дека суштината на излезот од актуелната ситуација на Косово е меѓународната заедница да изврши притисок врз косовскиот премиер Албин Курти.

Српскиот шеф на дипломатијата рече и дека државниот врв на Србија ќе продолжи да се залага за мир и решавање на сите проблеми преку дијалог и повтори дека нема да се дозволи било каков прогон на Србите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.