Ковачевски: Касами да не ме уценува за уставни измени, не сакам да верувам дека му е заложник на Апасиев

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски му порача на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами да не се обидува поддршката за уставни измени да ја условува со барање за предвремени избори затоа што тој не функционира под уцени, а изборите ќе се случат во редовниот термин во 2024 година.

Advertisement

– Не функционирам под уцени, изборите ќе бидат во 2024 година, а прашањето за уставни измени е сериозно и државничко прашање затоа што е заокружување на процесот на отворањр на кластерите во преговорите со ЕУ. Сега зависи од нас и ова прашање е прашање на принципи дали некој го поддржува европскиот пат или не. Повикувам на широк општествен и политички консензус за европскиот пат на државата. Ова не е последната одлука за ЕУ. Следуваат тешки одлуки, следуваат реформи кои ги поминале сите кандидати и тоа е процес кој ќе трае до 2030 година според нашата зацртана цел, рече Ковачевски.

Премиерот смета дека сите идни влади треба да работат на членството и од тој процес нема враќање освен за оние што се противат на членството.

– Таква партија е Левица која ја зема во заложништво и ВМРО-ДПМНЕ. Јас не сакам да верувам дека Билал Касами се ставил заложник на Левица и на Апасиев. Условување на тие важни одлуки за иднинте генерации, тоа е кочење на државата. Замислете на следната одлука за ЕУ некој да рече ќе ве поддржиме само ако има предвремени избори во Тетово. На Владата и треба 61 пратеник за да биде Влада. На граѓаните им треба двотретинско мнозинство за да продолжи патот, истакна Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.