Мијалков денеска беше донесен во Кривичниот суд

news
Advertisement

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од струшкиот затвор во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Минатото рочиште беше закажанано за 22 декември, но Мијалков не беше спроведен поради техничка грешка меѓу комуникацијата на судот со затворот.

Advertisement

Поранешниот директор на УБК се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности во 2013 година.

За овој случај Мијалков веќе еднаш беше осуден на тригодишна затворска казна, но првостепената пресуда беше укината од Апелација, по што судењето се врати од почеток.

Во моментов, судењето е во фаза на доказна постапка, но Мијалков на судењата може да оди сосема релаксиран.

Кривичното дело за кое се гони „Примање награда за противзаконито влијание“ му застарува за четири месеци, или во април 2023 година.

Во овој рок би можело да се стигне да се донесе првостепена пресуда, но невозможна мисија е таа да стане правосилна. Во таков случај судењето за екс директорот едноставно ќе запре поради констатирана застареност.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.