Advertisement
Пријави за бомби до сега има стигнато во 10 училишта во Македонија.
Advertisement
Според информациите, засега e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (едно училиште), Тетово (две училишта) и Скопје (седум училишта) е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Advertisement