Да знаев немаше да го носам во Белград, ме злоупотреби, вели Васко Стојков, адвокат на Палевски

news
Advertisement

Адвокатот Васко Стојков за Телма вели дека го однел осомничениот Љупчо Палевски- Палчо во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жеровски.

Advertisement

Стојков во телефонски разговор за Телма објасни и кога тој избегал од државата.

-Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас врска немав за оваа работа, знам дека требаше да оди во Белград , кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има прегледи следниот ден и рече ако е се во ред ќе се вратам, а ако не ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав, вели Стојков за Телма.

Стојков вели и дека откако разбрал за што е осомничен Палевски му пратил порака да се врати и да даде исказ, затоа што станува збор за сериозна работа. Каков одговор добил од Палчо не сакаше да каже, сѐ кажал во полиција, но кажа и дека од тогаш веќе нема контакт со Палевски.

Јас сум адвокат и ако сум знаел било што сигурно немаше да го носам, рекол Стојков за Телма.

ИЗВОР. https://mms.mk/337052/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.