ЕВЕ ШТО ПАЛЧО ОБЈАВУВАЛ НА ФЕЈСБУК ДОДЕКА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ЈА БАРАШЕ ВАЊА

news
Advertisement

На 30. ноември, кога, како што се сомневаат, избега од Македонија, Љупчо Палевски – Палчо,еден од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска 14 г. ја објави својата последна објава на социјалната мрежа Фејсбук, каде што беше многу активен.
Додека целатајавност во земјава, но и целиот Балкан го бараше исчезнатото девојче, ана социјалните мрежи се споделуваше апелот осомничениот Љупчо Палевски секојдневно објавуваше политички пораки со националистичка и антизападна содржина. Неговата последна објава беше во петок, 1.декември во 13:51 часот

Advertisement

Објава на фејсбук на Љупча Палевски Фејсбук профилот на Љупчо Палевски – Палчо
Тој во петокот, кога завршуваше Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, на социјалната мрежа Фејсбук објави шест пораки поврзани со политика, На 29.ноември, два дена по исчезнувањето И
убиството на девојчето, осомничениот објави видео обраќање до своите следбеници, повторно поврзано со политика, како и неколку други политички објави.
Само еден ден по убиството на девојчето, тој одржа час и половина говор во кој зборуваше за перење пари во Македонија. Истиот ден објавува видео- дебата од 2,5 часа. Има и неколку други политички објави.
На денот кога Љупчо Палевски – Палчо беше киднапирана и убиена, тој не објави ништо на Фејсбук.

На 22. ноември кога исчезна убиениот Панче Жежовски (74 г.) од Велес, Љупчо Палевски – Палч имаше неколку политички објави на својот Фејсбук
Во ниту еден момент не ги спомна исчезнатите по кои трага цела Македонија.

Наместо апел, тој ги објави своите политички ставови, но и ставовите на неговото политичко движење,Десна“
Со ова движење се поврзани и останатите осомничени за убиството на 14-годишната Вања ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

ИЗВОР. https://puls24.mk/%D0%B5%D0%B2%D0%B5-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D1%87%D0%BE-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%B1%D1%83%D0%BA-%D0%B4%D0%BE%D0%B4/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.