ДА СЕ ПОНИШТИ ИЗБОРОТ НА НАДЗОР НА ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОРИТЕ Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се активира и Обвинителството

news
Advertisement

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара владата да го поништи изборот на фирмата за надзор на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д, со образложеие дека фирмата која е избрана е замешана во голем скандал.

Advertisement

Од партијата тврдат дека претседателот на комисијата за избор на компанијата Артан Груби и премиерот Димитар Ковачевски дозволиле незаконски и скандалозно да се изврши изборот на компанијата за надзор на изградбата на автопатиштата од коридорите 8 и 10Д.-Најпрвен владата на Груби и Ковачевски ја тргнаа компанијата „Ептиса“ од црната листа. Листа на компании кои добиваат негативна референца на кои тие ја ставиле, за потоа нивната одлука да ја повлечат и да и дозволат на оваа спорна компанија да учествува во тендерот за надзор и покрај негативнта референца. Следниот скандал кој оваа криминална влада го направи е со промената на спицификациите во тек на самата тендерската постапка се со цел да може сомнителната компанија „Ептиса“ да го добие тендерот- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата тврди дека Груби дрско лажеше пред целата македонска јавност, дека компанијата „Ептиса“ ја сменила сопственичката структура и сега оваа компанија е со чисто портфолио и за тоа била учесник во тендерот кој на крај и го добила со уште други 3 компании, формирајќи конзорциум.

– „Ептиса“ од 2016 година е со целосен кинески капитал и менаџмент кои е непроменет изминативе години. Компанијата е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот менаџерски тим е составен од кинези. Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на „Ептиса“ се раководниот кадар на спорната компанија.Ова можеби е еден од ретките, ако не и единствен случај каде што кинеска компанија ќе врши надзор и ќе го контролира работењето на американски гигант, а со тоа и да имаат целосен увид во технологиите на американската компанија.Но кога во прашање е криминалот на ДУИ и СДС нема никакви граници и препреки – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара веднаш да се поништи постапката за избор на надзорот и да се повтори постапката за да не биде оштетена државата и граѓаните.

– Јавното обвинителство не смее немо да го следи овој епски криминал на владата на СДС и ДУИ со изборот на надзорот на изградбата на коридорите 8 и 10Д и веднаш да отвори постапка – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.