Дваесетгодишник дошол од Швајцарија, со „ауди“ усмртил пешак и избегал

news
Advertisement

Дваесетгодишник од Скопје кој живеел во Швајцарија, синоќа на автопатот Скопје – Куманово усмртил пешак, го оставил возилото и избегал.

Advertisement

Несреќата била пријавена вчера во 20.43 часот во СВР Скопје.-На автопатот Скопје-Куманово, на излез од Скопје, Џ.И.(20) од Скопје, со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди“ со швајцарска национална ознака, удрил пешакот Г.С.(54) од с.Пчиња, кумановско, по што го оставил возилото и го напуштил местото. Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Еден час по пријавата, возачот сам се јавил во Општата болница во Куманово, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.