Двајца избегани осуденици од затворот „Идризово“ се фатени поладнево на улицата „Орце Николов“ во центарот на Скопје. Едниот бил осуден на речиси 12, а другиот на девет години казна затвор. Била фатени во автомобил во кој имале 120.000 денати. Ќе бидат вратени во затворот информира МВР.– Денеска (30.05.2023) околу 15.45 часот на ул.”Орце Николов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода Б.О.(56) од Гостивар и Е.М.(29) од с.Франгово, струшко. Околу 14.30 часот тие избегале од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувале затворски казни. Б.О. бил осуден на казна од 11 години и 8 месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а има за доиздржување уште пет години, додека Е.М. бил осуден на казна затвор од девет години за сторени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик и има за доиздржување уште четири години од казната, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Двајца бегалци од „Идризово“ фатени во центарот на Скопје
Advertisement
Advertisement
Advertisement