Двајца загинаа во сообраќајка на излезот од Битола кон Прилеп

news
Advertisement

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на излезот од Битола, на магистралниот пат што води кон Прилеп. МИА дознава дека во сообраќајката, евидентирана во 16.15 часот, учествувале две патнички возила со битолски и прилепски регистарски таблици, а животот го загубиле две лица.

Advertisement

Сообраќајот на патниот правец Битола – Прилеп во непосредна близина на бензинската станица „Пелагонија“ е во прекин се додека не заврши истрагата за причините за тешката сообраќајна несреќа и возилата се пренасочуваат на околните патишта.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.