Огнена група – Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта… фракција во ДУИ против Артан Груби

news
Advertisement

Демократската унија за интеграција не е само политичка партија, ДУИ е вредност која 18 години ги чува и унапредува правата на Албанците, отворено семејство со внатрешни консултации, без индивидуални привилегии, со статутарни тела и со континуиран раст на изборното тело. Како таква, партијата дефинитивно треба да ја вратиме таму каде што припаѓа.

Advertisement

Во ДУИ веќе нема дебата и консултација со партиската база. Кадровските решенија се привилегија само на Артан Груби. Речиси две години нема отчет за работата на Владата и политичката програма. Поради нефункционалноста на организираниот живот на ДУИ, констатираме дека има пад на поддршката за партијата (последните избори во Тетово). Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Артан Груби, предизвика незадоволство, револт и пасивност на структурите и гласачите“, пишува во писмото и се истакнува големиот револт на најзаслужните членови на партијата за нејзините досегашни победи.

Потписниците бараат политичка дебата внатре во партијата за надминување на оваа состојба и одговорност и отчетност од носителите на извршната власт. Тие бараат претседателот на ДУИ, Али Ахмети, да ги искористи своите политички и статутарни овластувања и да најде решение за зачувување на партиското единство, се вели во писмото.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.