Истекува гас од Северен тек 1 и 2 – во прашање е саботажа?

news
Advertisement

По падот на притисокот во гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичко Море, германските и данските служби продолжуваат со истражување на причините. Постојат индиции за саботажа.

Advertisement

Данската морнарица и германски експерти се во потрага по причината за падот на притисокот и истечувањето гас од гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, дознава новинската агенција ДПА од безбедносни кругови. Досега не е јасно зошто доаѓа до хаваријата, но има индиции дека е во прашање саботажа. Доколку се испостави дека станува збор за напад, со оглед на техничката комплицираност, всушност во прашање би бил само државен актер.

Берлинскиот весник „Тагесшпигел“, повикувајќи се на информации од германски безбедносни извори, исто така ја споменува можноста за саботажа. Пратеникот на Зелените во Бундестагот, Јирген Тритин, пак зборуваше во насока на „насилен дефект“.

„Не се впуштаме во шпекулации“, гласи официјалниот став на германското Министерство за економија, кое упатува на истрагата на безбедносните органи.

Ноќта кон понеделникот првично бил констатиран голем пад на притисокот во една од двете цевки на гасоводот Северен тек 2, кој не е во употреба. Синоќа, операторот сигнализираше пад на притисокот и во двете цевки од Северен тек 1, преку овој гасовод Русија до 31 август испорачуваше земен гас кон Германија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.