Ефтов: Во тек е процес за менување на Мицкоски, од друга страна пак, Заев инвестира во него да остане на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ до 2024 година

news
Advertisement

Прочитај за: 2 минути
Новинарот Васко Ефтов тврди дека во тек е процес за менување на Христијан Мицкоски од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ. Според Ефтов, зад процесот стојат странците, кои сметаат дека Мицкоски не може да го испорача тоа што го ветил. Од друга страна, Ефтов тврди дека Заев до крај ќе инвестира во Мицкоски да остане на лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ до 2024 година кога планира да се кандидира за претседател.

Advertisement

„Талат Џафери под притисок на Зоран Заев не го усвојува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за референдум со што му фрла гума за спасување на Христијан Мицкоски. Што значи дека Заев до крај ќе инвестира во Мицкоски да остане на лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи му е неопходно да биде Мицкоски на чело на партијата во 2024 година кога Заев сака да трча на претседателските избори.

Ќе видиме дали Калето му дале зелено светло, дали Заев ја сфати пораката од минатата година дека треба да се повлече, дали во меѓувреме нешто е сменето, дадено му е друга порака, или го прави тоа на своја рака, ќе покаже времето. Ако солира и блефира тоа е лошо за македонската политичка сцена. Но, на ваков начин Русија и руската логистика сака да го искористи последното невралгично парче на Балканот – Македонија, за да предизвикаат одредено жариште. Зошто? За да се намали притисокот врз руската позиција во Украина. Суштината која мислам дека ја прифаќаат Американците, е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија, треба да се ослободи од тие 100-120.000 проруски гласачи, кои треба да бидат гласачи на Левица. Со тоа Левица би тежела меѓу 12 и 15 пратеници. Овие „антички македонци“ ги донесе Груевски на контото на ВМРО-ДПМНЕ во неговото владеење. Ако Левица тежи од 12 до 15 пратеници, стануваат поскапи руските трошоци во Македонија. Од друга страна имате прочистена ВМРО-ДПМНЕ, проевропска, која еден ден ќе може да дојде на власт. Да биде составен дел од некоја широка влада. Затоа е конфликтот меѓу Мицкоски и Апасиев.

Христијан Мицкоски е проценет како човек кој не може да ја испорача таа работа. Затоа е почнат процес за менување на Мицкоски. Дали тоа ќе заврши со Данела Арсовска, дали со Оливер Андонов, тоа е небитно. Таму е почнат процес на менување на Мицкоски. И тој процес ќе финализира со менување на Мицкоски. Прашање на време е, на техники, на технологија, како тој процес ќе биде реализиран.“, вели Ефтов ви емисијата Во центар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.