Тетово : Хигиената во градот е во катастрофална состојба

news
Advertisement

Еколошки активисти: Ни се плаче кога се движиме низ Тетово, повалкан град нема

Advertisement

Од ден на ден ситуацијата со сметот во Тетово е полоша. Купишта смет околу контејнерите, прашина и кал по улиците. Словенечката компанија која ја промовираше Општина Тетово, а со која потпиша договор за менаџирање на сметот, наместо да ја подобри ја влоши ситуацијата.

Еколошките организации велат дека не го паметат градот толку валкан.

„Хигиената во градот е во катастрофална состојба, јас не го паметам ваков градот валкан. За жал очекувавме дека ќе има промени дека ќе имаме подобра ситуацијата, но единствено што се промени се сметките и промоцијата со црвен тепих на камионите и контејнерите. Кога се шетам низ град ми се плаче, не можеш да се шеташ оти има многу прашина има смет насекаде кои го разнесуваат кучињата, ние сме загрозени од аерозагадувањето поради валканиот град. Со новата компанија имавме надеж дека ќе се смени нешто. Ние побаравме информација од Општина Тетово што се случува, но не добивме повратна информација. Побаравме информација за договорот со словенечката компанија како ќе се собира сметот но и за ова молк“, вели Елмедина Абдулахи од Невладината организација „За Подобор Тетово“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.