Двајца мажи незаконски ловеле диви свињи

news
Advertisement

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот и 10 минути ги лишиле од слобода 44-годишниот П.Ј. од тетовска Брвеница и 64-годишниот Љ.Л. од тетовско Фалише поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“, извести СВР Тетово.

Advertisement

– Тие се сомничат дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му отстрелаат дива свиња и да му ја донесат на Љ.Л.. Дивата свиња, која била донесена со возило, е одземена и предадена на Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти СВР Тетово.

Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Извор: https://nezavisen.mk/dvajca-mazhi-nezakonski-lovele-divi-svinji/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.