Два фемицида во два дена. Како ќе тераме вака?

news
Advertisement

Инфлуенсерката која својот идентитет го крие и се претставува како Ина Многуфина, го искоментира убиството во Кочани, каде жена беше искасапена. Таа праша како ќе се тера вака, додека, политичкиот аналитичар и новинар, Ивор Мицкоски упати остри критики кон институциите.

Advertisement

„Да имавме построги казни, да ги заштитевме жените од демнење порано, да имавме поголема доверба во институции немаше сега да се деси Кочани и да дознаеме дека психопатот ја уценувал 7 цели години и ја убивал и финансиски и психички пред да ја убие со 41 убод! Два фемицида во два дена. Како ќе тераме вака? Ќе менуваме ли закони? Немојте само дека споро се менуваат закони, видовме дека може брзо. “Убиената кочанчанка неколкупати барала помош од полицијата поради напаѓачот”“, напиша Ина Многуфина.

Коментар и од Мицкоски.

„Јавното обвинителство попладнево соопшти дека денеска убиената кочанчанка немала поднесено ниту една пријава против убиецот за никакво насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот туку во јули годинава поднела пријава само за кривичното дело уцена. Притоа не објаснуваат дали постапиле и дали поднеле обвинение. Проста жена, требало да пријави насилство, па да ја игнорираат, као нешто да ќе значеше во распашанава команда, а као и да кога некој те уценува не се претпоставува дека жртвата е мета на насилство или потенцијално насилство. Статистичарот од МВР нека запали свеќа за жената и за безбедноста кога во два дена некој коле човек и пали стан, а пријавен “уценувач” убива жена со преку 40 убоди“, вели Мицкоски.

Извор: https://skopje1.mk/archives/246612

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.