Две години Тимчо Муцунски: Нула денари непродуктивни трошоци, субвенции и намалени трошоци за граѓаните, чиста и зелена општина

news
Advertisement

Две години инвестиции и проекти за унапредување на животот во Аеродром. Општината забрзано се развива и граѓаните го препознаваат тоа. Со домаќинско работење ги намаливме трошоците за репрезентација, парите преку субвенции ги вративме кај граѓаните и тие денес живеат во почиста и позелена општина, со нова детска градинка, нови паркови и исчистени депонии.

Advertisement

Во делот на зеленилото во изминатиот период заврши изведбата на паркот „23-ти Октомври“ и започна изведбата на паркот „Радост“ со што граѓаните добиваат две нови зелени површини. Во ист период заврши изведбата на неколку помали паркчиња на неколку локации во општината.

Аеродром е чиста и зелена општина. Наш приоритет е одржување на здрава и чиста животна средина и со цел подигнување на хигиената во Аеродром, во 2023 година започна да се применува новиот концепт на одржување на јавните површини, а во изминатиот период беа исчистени 13 големи депонии. Во делот на заштита на животната средина, со поддршка на Европската унија започна да се реализира проектот „Clean Airdrom“, a граѓаните имаат можност да добијат и искористат субвенции за набавка на нови велосипеди и електрични тротинети.

Во делот на социјалната заштита Аеродром доби нова детска градинка „Црвенкапа“ со капацитет од над 200 дечиња, беа изработени проекти за изградба на уште две нови градинки, а објектите „Пчелка 2“ и „Лале“ добија целосно нови и енергетски-ефикасни фасади.

Изминатите две години беа период кога семејствата и најмладите добија директна помош од општината, а во делот на социјалната заштита се реализираа инвестиции во вредност од над 120 милиони денари. Продолжи исплатата на еднократна помош од 8000 денари за секое новороденче родено на територијата на Општина Аеродром, ги укинавме дополнителните трошоци во градинките, и целосно ги ослободивме социјално загрозените семејства од плаќање градинка за своите деца. За првпат, со поддршка на општината и градинката „Буба Мара“, во црквата „Свети Никола“ се доделува бесплатен топол оброк, а воведовме и социјални и антикризни пакети за пензионерите и социјално загрозените семејства.

Грижата за најмладите, унапредувањето на условите за живот и социјалната заштита, како и подигнувањето на хигиената и понатаму ќе бидат во фокусот на работењето на Општина Аеродром. Во текот на наредната година, се очекува почетокот на изградбата на две нови детски градинки, нови зелени површини, плоштад и проекти од значење за граѓаните

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.