Advertisement
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (30 јануари) околу 11.30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово.
Advertisement
Тие се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје. По целосно документирање на случајот против малолетниците ќе следуваат соодветни поднесоци.
Извор. https://press24.mk/dve-deca-ukrale-honda-od-skopje-pa-si-vozele-bez-dozvola
Advertisement