Две жени натепани од партнерите, млади лица размениле боксови пред клуб во Центар – МВР за тепачките во Скопје

news
Advertisement

Четири различни физички пресметки имало во Скопје, а се нотирани во дневниот билтен. Најмасовната била пред угостителски објект во Центар, каде се пресметале осум лица, меѓусебно,

Advertisement

Денеска (01.01.2024) во 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.В.(20), Д.В.(22) и Н.Ѓ.(20) сите од Скопје од една страна и П.А.(19), Б.Б.(20), Б.М.(19), Д.К.(18), А.П.(20) сите од Свети Николе од друга страна“, велат од МВР.

Маж ја нападнал својата партнерка.

„Денеска (01.01.2024) во 00.50 часот полициски службеници од Полициската станица Карпош на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Б.М.Ѓ.(37) од Скопје, поради тоа што на 31.12.2023 физички ја нападнал неговата 36- годишна поранешна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР.

Маж бил натепан на Бит Пазар.

„Денеска (01.01.2024) во 05.15 часот во СВР Скопје Е.Д.(36) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар физички бил нападнат од Б.А“, се вели до билтенот на МВР.

Партнер натепал партнерка и во ресторан во Илинден.

„Денеска (01.01.2024) во 02.30 часот во СВР Скопје, 39- годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во н.Илинден била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Н.(38) од Скопје“, велат од МВР.

Настрадале и девојчиња, но и малолетници.

„На 31.12.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје Б.З.(37) од с.Сарај, скопско пријавил дека на 28.12.2023 околу 13.30 часот во основно училиште во с.Крушопек во училница, физички бил нападнат неговиот малолетен син од негов соученик. Во 19.45 часот во СВР Скопје Ф.Ќ.Б.(46) од Тетово, пријавил дека на плоштад Македонија бил физички нападнат од две лица. Во 21.00 часот во СВР Скопје С.А.(28) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар физички бил нападнат од неколку лица. Во 02.00 часот во СВР Скопје, 41 годишна жена пријавила дека на 31.12.2023 околу 23.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т. Во 03.10 часот во СВР Скопје, М.К.(20) од Куманово пријавила дека пред угостителски објект на подрачјето на Карпош била физички нападната од И.Г.(22) од Скопје“, стои во билтенот на МВР.

По целосно документирање ќе следува соодве.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.